ВНИМАНИЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ Нов режим на сообраќај на важна делница од денеска
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од денеска започнуваат градежни работи на патот Гостивар-Кичево, а возачите треба да внимаваат на изменетиот режим на сообраќај. АМСМ предупредува и на можни одрони на неколку патни правци.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 30 септември 2026 година започнуваат градежни активности на државниот пат А2, на делницата Гостивар–Кичево, поточно на мостот бр. 63, на реката Тајмишка. Поради санацијата ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај, кој ќе важи до завршување на предвидените градежни работи согласно договорот.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои можност од појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк „Галичица“, кој од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

