ЛЕГЕНДАРНОТО ДУО AUTECHRE ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ – МКЦ на 2 октомври ќе биде во целосен мрак

Британските пионери на експерименталната електроника доаѓаат во Македонија – со MDX и Александар Ордев

ЛЕГЕНДАРНОТО ДУО AUTECHRE ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ – МКЦ на 2 октомври ќе биде во целосен мрак
Фото: Принтскрин

Британското електронско дуо Autechre, едно од највлијателните имиња во експерименталната електронска музика, за првпат ќе настапи во Скопје на 2 октомври 2026 година, во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Концертот го најавува „ROTK books&music“, а концертната вечер ќе биде дополнета со настапи на MDX, DJ проектот на Andy Maddocks, основач на култната манчестерска издавачка куќа Skam Records, и македонскиот продуцент Александар Ордев.

AUTECHRE ДОАЃААТ ПО ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ДЕЦЕНИИ АВАНГАРДА

Sean Booth и Robert Brown се активни од почетокот на 1990-тите и се сметаат за едни од клучните автори во развојот на експерименталната електронска музика и IDM.

Од дебитантскиот албум „Incunabula“ (1993), преку култните „Tri Repetae“ (1995) и „LP5“ (1998), до „NTS Sessions“ (2018), нивниот пристап постојано ги поместува границите меѓу звукот, технологијата и музичката форма.

КОНЦЕРТ ВО ЦЕЛОСЕН МРАК

Особеност на настапите на Autechre е што се одвиваат во целосен мрак, со посебен безбедносен протокол.

Без визуелни дистракции, вниманието целосно се насочува кон звукот, создавајќи специфично и интензивно концертно искуство.

ALEXANDER ORDEV И MDX КАКО ПОДДРШКА

За локална поддршка, Autechre лично го избрале Александар Ордев, еден од препознатливите автори на скопската експериментална електронска сцена.

На концертната вечер ќе настапи и MDX, проектот на Andy Maddocks, основачот на Skam Records.

ОСТАНУВААТ УШТЕ 100 БИЛЕТИ

Организаторот информира дека остануваат уште 100 билети по цена од 1.800 денари.

Билетите што ќе се продаваат на влез ќе чинат 2.000 денари.

Билетите се достапни преку MK Tickets – Autechre.

CATEGORIES
Share This