ЧЕТИРИ ЈАЗИЦИ, НО ИЗБОРОТ Е САМО НА ХАРТИЈА Што навистина можат да учат македонските ученици?

Германскиот и францускиот доминираат, рускиот и италијанскиот речиси исчезнуваат од изборот.

ЧЕТИРИ ЈАЗИЦИ, НО ИЗБОРОТ Е САМО НА ХАРТИЈА Што навистина можат да учат македонските ученици?
Фото: Принтскрин

Се одбележа Европскиот ден на јазиците под мотото „Languages unite!“, но македонската училишна реалност покажува дека формалниот и реалниот избор на странски јазик не се секогаш исти.

Англискиот е прв странски јазик, додека како втори странски јазици во основното образование се предвидени германски, француски, италијански и руски.

Според Државниот завод за статистика, во учебната 2024/2025 година германски изучувале 53.558 основци, француски 24.871, руски само 244, а во категоријата други јазици биле 1.938 ученици.

Слична е состојбата и во средното образование. Германски изучувале 17.997 ученици, француски 8.911, италијански 643, а руски само 50 ученици.

Бројките покажуваат дека иако програмата формално нуди повеќе јазици, нивната реална достапност зависи од училиштето, бројот на заинтересирани ученици и можноста да се формира група.

Така, во едно училиште може да бидат понудени четири јазици, но во пракса учениците да имаат можност да изберат само еден или два.

Затоа, вистинското прашање не е колку јазици се наведени во наставната програма, туку колку од нив едно дете навистина може да ги избере во своето училиште.

CATEGORIES
Share This