РУСИЈА НЕ ТРГНУВА КОН ЕВРОПА Заканата е измислена, ова е политичка комедија

Путин тврди дека Москва била подготвена за нови преговори со Киев, но обидите за напади врз Москва ја промениле ситуацијата.

РУСИЈА НЕ ТРГНУВА КОН ЕВРОПА Заканата е измислена, ова е политичка комедија
Фото: Принтскрин

Русија не подготвува воена акција против Европа и за такво сценарио „нема никаква основа“, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Путин ги отфрли тврдењата дека Русија претставува воена закана за Европа, оценувајќи ги како намерно преувеличување и провокација.

„Изјавите за заканата од Руската Федерација и потребата од подготовка за војна со неа се намерно претерување на ситуацијата и провокација“, рече Путин, пренесува „Спутник“.

Коментарот следуваше по изјавата на естонскиот министер за одбрана Мартин Херем за можноста од конфликт со Русија. Путин ваквите оценки ги нарече провокација и „политичка комедија“.

„Ова е еден од оние моменти кога се шегуваме: циркусот го нема, но кловновите остануваат. Ова е политичка комедија“, изјави рускиот претседател.

Путин истовремено изјави дека Москва била подготвена да ги обнови преговорите со Украина по одржувањето на парламентарните избори во Русија. Според него, наместо продолжување на дипломатските напори, Киев се обидел да изврши напади врз Москва и врз избирачки места.

Путин рече дека Украина ноќта меѓу 19 и 20 септември, на главниот ден од гласањето на парламентарните избори, се обидела да изврши интензивен напад врз руската престолнина.

„Повеќе од 1.600 беспилотни летала влегоа во зоната практично во Москва“, тврди Путин, пренесува „Спутник“.

Тој додаде дека украинските сили наводно извршиле напади врз цивилни цели, меѓу кои и магацини на компаниите „Вајлдберис“ и „Озон“.

Според Путин, по овие напади руските вооружени сили презеле одмазднички дејствија.

CATEGORIES
Share This