ВМРО-ДПМНЕ ДО ФИЛИПЧЕ Престани да плачеш за СДС – проблемот ти е во сопствениот двор

Владејачката партија му порача на лидерот на СДС да се занимава со внатрепартиските проблеми, наместо вината да ја бара кај ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ДО ФИЛИПЧЕ Престани да плачеш за СДС – проблемот ти е во сопствениот двор
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска му порача на лидерот на СДСМ Венко Филипче да престане со обвинувањата дека владејачката партија се меша во внатрепартиските состојби и дека се обидува да го раситнува СДС.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче треба да се соочи со проблемите во сопствената партија, наместо вината за внатрепартиските поделби да ја бара кај други.

„Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, нападите на Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ се обид да се пренасочи вниманието од состојбите во СДС и да се задржи кохезијата во партијата.

„Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДС е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во партијата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека немаат интерес ниту намера да се мешаат во внатрешните работи на СДС, посочувајќи дека нивниот фокус е насочен кон реализација на проекти.

„Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори дека за нас нема подобро решение од тоа Венко Филипче да биде претседател на СДС. Го охрабруваме да не се откажува и да продолжи да го води СДС“, стои во вчерашната реакција.

ВМРО-ДПМНЕ воедно посочува дека лицата кои ја напуштаат СДС и настапуваат самостојно се внатрешно прашање на опозициската партија, а Филипче, наместо да бара виновници надвор, треба да ги решава состојбите во сопствените редови.

CATEGORIES
Share This