ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА Влажни коловози и опасност од одрони, на повеќе делници изменет сообраќајот
АМСМ предупредува на внимателно возење, а градежни работи носат нови режими на повеќе патишта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите на места се влажни. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Од АМСМ апелираат на внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони.
На ризик од одрони се посочуваат делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица е отворен за сообраќај за возила до 3,5 тони.
Измени на повеќе патни правци
Поради градежни работи и санации, на повеќе делници во земјава има времен режим или девијации во сообраќајот.
- На граничниот премин Делчево од 9 септември е воведен времен режим поради реконструкција, но преминот функционира непрекинато.
- На автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип, кај наплатната станица Преод, има изменет режим поради санација на косина.
- Во Штип, поради санација на мостот на Брегалница на Р1204, сообраќајот се одвива под времен режим.
- На делницата Косоврасти-Мелнички Мост има изменет режим поради санација на свлечиште.
- На патниот правец Прилеп–Битола, поради изградбата на Коридор 10Д, сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат во делот од клучката Лагово до Тополчани.
- На регионалниот пат Прилеп-Крушево-Сладуево, делницата меѓу Мало Коњари и Кривогаштани е затворена поради градежни работи, а сообраќајот се пренасочува според поставената сигнализација.
- На ГП Блаце-Скопје има градежни активности на повеќе делници и сообраќајот се одвива според времен режим.
- На Кичево-Охрид, поради работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации.
АМСМ апелира возачите строго да ја почитуваат поставената сигнализација и да ја приспособат брзината според условите на патот.
Ограничено движење низ Јасен
За движење низ Јасен на релација Скопје-Македонски Брод важат утврдени временски интервали.
Скопје-Македонски Брод: 07:30-09:00, 12:00-12:45 и 16:00-18:00 часот.
Македонски Брод–Скопје: 06:00-07:00, 10:30-11:00, 13:00-13:45 и 18:30-20:00 часот.

