САРА И ДЕВОЈКИТЕ ГАЗАТ Македонија ја „прегази“ Србија и со победа тргна кон трофејот
Ристовска со 8 гола ја предводеше Македонија до убедлив триумф од 29-21 во Охрид.

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедливи 29-21 ја совлада Србија во првото коло на турнирот „Трофеј Македонија“, кој се одржува во Охрид.
Капитенката Сара Ристовска со осум погодоци беше најдобар стрелец на натпреварот, а со својата игра заслужено го понесе признанието за најкорисна ракометарка на средбата.
Македонските ракометарки одиграа одлично прво полувреме и уште во раната фаза ја презедоа контролата врз натпреварот. Србија настапи во значително подмладен состав, што дополнително им ја олесни задачата на избраничките на Игор Марковиќ.
Убедливо издание и победата со осум гола разлика се одлична најава за продолжението на турнирот и дополнителен мотив пред двата преостанати дуели.
Македонија денеска во второто коло ќе се соочи со Црна Гора, која денеска одигра 20-20 против Хрватска.
Последниот натпревар Македонија го игра в недела против Хрватска, во дуел кој може да има големо значење во борбата за првото место на „Трофеј Македонија“.

