СЕДУМ ПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА СЕ ВРАТИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА, СИТЕ ОБИДИ ПРОПАДНАЛЕ Мачадо повторно запрена

Опозициската лидерка последните три обиди ги направила по море и по воздушен пат, додека Делси Родригез се сретна со Трамп во Њујорк

СЕДУМ ПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА СЕ ВРАТИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА, СИТЕ ОБИДИ ПРОПАДНАЛЕ Мачадо повторно запрена
Фото: Принтскрин

Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, во последните неколку часа направила три неуспешни обиди да се врати во Венецуела, во период кога привремената претседателка на земјата, Делси Родригез, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Советникот на Мачадо, Педро Урукурту, преку социјалните мрежи соопшти дека последните обиди, по море и по воздушен пат, се дел од вкупно седум неуспешни обиди за нејзино враќање во земјата.

Според „Ројтерс“, Мачадо тајно ја напуштила Венецуела пред девет месеци, а оттогаш безуспешно се обидела да се врати во земјата седум пати.

Обвинувањата подоцна биле потврдени и од портпаролот на Мачадо, кој не даде дополнителен јавен коментар.

CATEGORIES
Share This