ТУРЦИЈА ЈА ОТВОРА ВРАТАТА ЗА ТРАМП И ПУТИН Анкара подготвена да биде домаќин на нова средба

Анкара е подготвена да ја обезбеди потребната поддршка доколку Вашингтон и Москва побараат средба на турска територија.

ТУРЦИЈА ЈА ОТВОРА ВРАТАТА ЗА ТРАМП И ПУТИН Анкара подготвена да биде домаќин на нова средба
Фото: Принтскрин

Турција е подготвена да биде домаќин на евентуална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, како и да ја обезбеди потребната поддршка доколку Вашингтон и Москва упатат официјално барање до Анкара, изјави извор од турскиот кабинет за РИА Новости.

Изјавата доаѓа откако Трамп во вторникот соопшти дека е можно повторно да се сретне со Путин. Американскиот претседател истакна дека со рускиот лидер разговара за условите за евентуален мировен договор за Украина.

Трамп оцени дека таквиот договор би бил од корист за двете страни во конфликтот.

CATEGORIES
Share This