МАСОВЕН ПРИЛИВ НА МИГРАНТИ ПРЕД ИЗБОРИ Мароко ја „затвора“ границата со Сеута
Стотици безбедносци, оклопни возила и водени топови се распоредени во Фнидек по предупредувањата за ново масовно преминување на мигранти.

Фото: Принтскрин
Мароканските безбедносни сили значително го засилија обезбедувањето на границата со шпанскиот автономен град Сеута, во пресрет на парламентарните избори закажани за среда. Мерките следуваат откако шпанската амбасада во Рабат предупреди на можноста за ново масовно преминување на мигранти.
На граничниот премин во близина на Фнидек, во неделата биле распоредени најмалку четири камиони опремени со водени топови, околу 40 полициски возила, меѓу кои и оклопни транспортери, како и стотици припадници на различни безбедносни служби, објави денеска „Паис“.
Засиленото полициско и безбедносно присуство доаѓа речиси два месеца по масовното преминување на мигранти на 30 и 31 јули, кога повеќе од 70.000 луѓе се обидоа да влезат на територијата на Сеута.
CATEGORIES Свет

