НОВ ДОГОВОР ЗА ГРЕНЛАНД Данска ја става безбедноста на Арктикот под покровителство на НАТО

Спогодбата треба да биде потпишана во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.

НОВ ДОГОВОР ЗА ГРЕНЛАНД Данска ја става безбедноста на Арктикот под покровителство на НАТО
Фото: Принтскрин

Според Копенхаген, договорот ќе ја стави безбедноста на Гренланд и поширокиот Арктички регион „под покровителство на НАТО“, наместо одговорноста да биде првенствено на Данска и САД.

Данска, Гренланд и САД во вторник, 22 септември, треба да потпишат нова безбедносна спогодба за Гренланд, во рамките на напорите за зајакнување на безбедноста на Арктикот.

Договорот треба да биде потпишан во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, целосниот текст на спогодбата засега не е јавно објавен, објави „Ројтерс“.

Од Данска велат дека со договорот безбедноста на Арктикот ќе биде ставена „под покровителство на НАТО“, со што би се проширила рамката на сојузничката одговорност над она што досега главно се темелеше на соработката меѓу Вашингтон и Копенхаген.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека спогодбата на САД им обезбедува „трајна контрола“ врз безбедноста на Гренланд.

Договорот доаѓа во период на зголемен интерес на САД за стратешката позиција на Гренланд и растечкото значење на Арктикот за безбедноста и геополитичките интереси на големите сили.

РУБИО ОБЈАВИ: ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА САД Гренланд влегува во новата американска одбранбена зона

CATEGORIES
Share This