РУБИО ОБЈАВИ: ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА САД Гренланд влегува во новата американска одбранбена зона

Американскиот државен секретар тврди дека историскиот договор со Данска и Гренланд трајно ги гарантира безбедносните интереси на Вашингтон на Арктикот и без трошоци за американските даночни обврзници.

РУБИО ОБЈАВИ: ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА САД  Гренланд влегува во новата американска одбранбена зона
Фото: Принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио го оцени договорот постигнат меѓу САД, Данска и Гренланд како „голема победа“ за Соединетите Американски Држави и американскиот народ.

Рубио во објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека договорот, според него, трајно ги гарантира безбедносните интереси на Вашингтон во Арктикот, без дополнителни трошоци за американските даночни обврзници.

„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Американски Држави и американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД во Арктикот, без никакви трошоци за американските даночни обврзници“, напиша Рубио.

Тој додаде дека со договорот Гренланд „засекогаш“ ќе биде дел од стратешката одбранбена зона на Северна Америка.

Според Рубио, со тоа ќе се спречи присуство на потенцијален противник на територијата на Гренланд и во неговата непосредна околина.

САД НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ГРЕНЛАНД Рубио откри што се договара со Данска

CATEGORIES
TAGS
Share This