ПУТИН СО ОСТРА ПОРAКА На Киев му треба војната за да остане на власт -– сакаат да ги попречат и нашите избори

Путин го обвини Киев дека сака да ги попречи руските избори и го нарече украинскиот режим „диктатура“.

ПУТИН СО ОСТРА ПОРAКА На Киев му треба војната за да остане на власт -– сакаат да ги попречат и нашите избори
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека украинското раководство се обидува да спречи одржување избори во Русија, тврдејќи дека на власт во Киев му е потребен продолжен конфликт за да ја задржи својата политичка позиција.

Путин, исто така, изјави дека украинскиот политички систем одамна се претворил во, како што го нарече, „диктатура“, додека според него, обидите на Западот да го претставува украинското раководство како бранител на демократијата се „чудни“.

„Украинското раководство не брза да одржи избори. Како што е познато, тие дури сакаат да ги попречат нашите избори“, рече Путин.

Рускиот претседател во својата изјава ги обвини и европските земји дека ги користат Украинците како „топовско месо“ во конфликтот.

Изјавите на Путин ги пренесе руската новинска агенција „Спутник“.

CATEGORIES
Share This