САД НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ГРЕНЛАНД Рубио откри што се договара со Данска

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека САД водат разговори со Данска и Гренланд за улогата на островот во колективната одбрана и најави можен позитивен исход од преговорите.

САД НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ГРЕНЛАНД Рубио откри што се договара со Данска
Фото: Принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Гренланд „засега“ останува дел од Данска, нагласувајќи дека САД се активно вклучени во разговорите за идната улога на арктичкиот остров во рамките на западната безбедносна архитектура.

Говорејќи пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Рубио избегна директно да одговори дали Вашингтон мора да поседува територија во рамките на НАТО за да ја брани. Наместо тоа, тој посочи дека веќе се водат интензивни разговори со Данска и Гренланд за нивната улога во колективната одбрана.

„Водиме разговори со Гренланд и Данска за користењето на островот во интерес на нашата заедничка одбрана“, изјави Рубио.

Тој го оцени Гренланд како стратешки важен за системите за противракетна одбрана и истакна дека разговорите се движат во позитивна насока.

„Сметам дека сме во добра позиција по ова прашање“, рече американскиот државен секретар.

Тој додава дека од актуелните преговори би можеле да произлезат „многу добри вести“.

НЕМА ДА ГО НАПАДНЕМЕ ГРЕНЛАНД – Ќе го купиме

CATEGORIES
Share This