ЗЛАТНАТА ТОПКА ТРЕБА ДА МУ ПРИПАДНЕ НА НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР а не на најдобриот тим

Ѕвездата на Барселона смета дека индивидуалната награда треба да го препознава најдобриот фудбалер, а не автоматски да зависи од головите и освоените трофеи.

ЗЛАТНАТА ТОПКА ТРЕБА ДА МУ ПРИПАДНЕ НА НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР а не на најдобриот тим
Фото: Принтскрин

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, во интервју за шпанската телевизија „Мовистар Плус“ повторно зборуваше за „Златната топка“ и критериумите според кои треба да се доделува престижното индивидуално признание.

Јамал смета дека освојувањето на трофеи не треба автоматски да биде пресудно при изборот на најдобриот фудбалер.

„Кога играа Меси и Кристијано, сите знаеја дека се двајцата најдобри во светот. Сега луѓето мешаат различни работи. Ако некој ја освои Лигата на шампионите, тоа е награда за најдобриот тим, но Златната топка треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот“, изјави Јамал.

Според младиот фудбалер, головите и освоените трофеи се важни, но не треба да бидат единствените мерила.

„Најдобар играч е оној што го гледате на натпревар и забележувате дека е различен од сите останати. Ако повторно се фокусираме на тоа, Златната топка ќе ја врати својата вредност“, додаде фудбалерот на Барселона.

Јамал се осврна и на промените во современиот фудбал, посочувајќи дека статистиката има сè поголемо влијание врз начинот на кој се оценуваат играчите.

„Кога растев, гледавме цели натпревари, а не апликации со голови и асистенции. Може да одиграте спектакуларен натпревар без да постигнете гол. Јас не се нервирам ако не постигнам гол, туку ако не ја допирам топката и не можам да уживам во играта“, истакна Јамал.

CATEGORIES
Share This