СКОПЈЕ ВИКЕНДОВ Ќе се прска од авион против комарци
Авионската дезинсекција е најавена за 19 и 20 септември во раните утрински часови.

Фото: Принтскрин
Градот Скопје информира дека во сабота, 19 септември, и недела, 20 септември 2026 година, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на главниот град.
Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето, дезинсекцијата ќе биде извршена првиот нареден ден со поволни услови, во истиот временски термин.
Градските власти ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
CATEGORIES Македонија

