БЕЗ СТРУЈА ДЕНЕСКА ВО ДВЕ ОПШТИНИ Еве кои улици ќе останат без електрична енергија

ЕВН најави планирани прекини во Петровец и Кисела Вода, а дел од корисниците ќе бидат без струја и до седум часа.

БЕЗ СТРУЈА ДЕНЕСКА ВО ДВЕ ОПШТИНИ Еве кои улици ќе останат без електрична енергија
Фото: Национал

Без струја денеска ќе останат дел од корисниците во општините Петровец и Кисела Вода, информираат од ЕВН Македонија АД.

Според најавата, прекините се поради планирани активности на електроенергетската мрежа.

Во Петровец, во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улица 1 и улица 5, како и „Кипер Маркетот“.

Во Кисела Вода, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот, а ќе ги опфати корисниците на улица „Ваташа“.

Од ЕВН апелираат корисниците да го имаат предвид најавениот прекин и соодветно да ги организираат своите активности.

CATEGORIES
Share This