ГАЛАМА ЗА МЛАДИЌ, МОЛК ЗА АХМЕТИ Единствена Македонија удри по двојните аршини
Каде се оние што деновиве се натпреваруваат во осуди, кога Ахмети во Приштина застана зад обвинетите во Хаг?

Единствена Македонија реагира на лицемерието и двојните стандарди во македонската политика.
Деновиве се крева голема галама и осуда за Ратко Младиќ, но истовремено владее молк за учеството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на маршот во Приштина во поддршка на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на кои им се суди во Хаг.
Ахмети ги прогласи за невини, ги нарече „ослободители“ и порача „да живее ОВК“. Каде се сега оние кои деновиве се натпреваруваат во осуди и морализирање?
Особено лицемерно е што се говори за Младиќ, а истовремено Сојузот на борците од НОБ реагира на именувањето улици и јавни простори во Тетово по личности кои, според нивните историски оценки, биле дел од фашистичкиот и балистичкиот корпус.
Не може едно да важи за Младиќ, друго за Тачи и лидерите на ОВК, а трето за историските личности поврзани со фашистичкиот и балистичкиот корпус во Македонија.
Единствена Македонија бара да престане политичката демагогија и да важи еден аршин за сите.
Злосторствата се осудуваат без разлика кој ги сторил, а историјата не смее да биде алатка за дневнополитички интереси.
Доста со двојните стандарди!
АХМЕТИ СО ДИРЕКТНА ПОРАКА ПРЕД ПРЕСУДАТА ВО ХАГ Албанскиот народ ги прогласува за невини

