ЛИТВАНИЈА ГО ИСФРЛА РУСКИОТ ЈАЗИК ОД УЧИЛИШТАТА До 2030 година наставата ќе биде на литвански

Промените ќе ги опфатат училиштата на рускојазичното малцинство, додека полските училишта остануваат изземени.

ЛИТВАНИЈА ГО ИСФРЛА РУСКИОТ ЈАЗИК ОД УЧИЛИШТАТА До 2030 година наставата ќе биде на литвански
Фото: Принтскрин

Литванија планира постепено да ја укине наставата на руски јазик во училиштата што ги посетуваат ученици од рускојазичното малцинство, со цел до 2030 година речиси сите предмети да се изучуваат на литвански јазик.

Според информациите на литванската државна радио-телевизија ЛРТ, со предложените измени би останала можност само мајчиниот јазик на учениците да се изучува на нивниот јазик, додека останатите предмети би се предавале на литвански.

Литванското Министерство за образование ја поддржува поголемата употреба на официјалниот јазик во училиштата за националните малцинства. Од Министерството оценуваат дека ваквата политика би придонела за подобра интеграција на учениците во литванското општество.

Сепак, предложените промени нема да ги опфатат училиштата во кои наставата целосно се одвива на полски јазик.

CATEGORIES
Share This