ЕВРОПСКА КОМИСИЈА – ТикТок не ги исполнува обврските за транспарентност на реклами

Европската комисија соопшти дека ТикТок не ги почитува обврските од Законот за дигитални услуги (ДСА), особено во однос на т.н. „складиште на реклами“, алатка која треба да обезбеди транспарентност за онлајн рекламирањето.

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА – ТикТок не ги исполнува обврските за транспарентност на реклами

Според прелиминарните наоди, ТикТок не обезбедува доволно информации за содржината, публиката и финансирањето на рекламите, ниту пак овозможува ефективно пребарување низ архивата. Ова, според Комисијата, го отежнува откривањето на дезинформации, манипулативни кампањи и изборен уплив.

Ако се потврдат овие наоди, ТикТок може да се соочи со казна до 6% од својот глобален годишен промет, како и засилен надзор од ЕК. Компанијата веќе е информирана и има право на одбрана.

Истовремено, во тек е и друга истрага за справувањето на платформата со ризици поврзани со избори и граѓанскиот дискурс, како и за заштитата на малолетници и пристапот на истражувачите до платформските податоци.

CATEGORIES
Share This