БОМБА ОД ЛОНДОН Се подготвува распадот на Велика Британија
Шкотска, Велс и Северна Ирска утре (понеделник) ќе бараат право на референдум за независност, на состанокот во Кардиф доаѓа и лидерка на Шин Фејн.

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник, 14 септември, ќе се сретнат во Кардиф, каде што, според лондонски „Телеграф“, ќе разговараат за иднината на Обединетото Кралство и можноста за одржување референдуми за независност.
Весникот објави дека премиерите на трите земји, кои се залагаат за независност, на самитот во главниот град на Велс треба да потпишат „меморандум за разбирање“, со кој ќе побараат право за одржување референдум за издвојување од Обединетото Кралство.
На средбата ќе присуствува и Мери Лу Мекдоналд, претседателка на Шин Фејн и лидерка на опозицијата во Ирска.
Според најавите, состанокот ќе се одржи во понеделник во петѕвездениот хотел „Сент Дејвидс“ во Кардиф, а главна тема ќе биде иднината на односите меѓу составните делови на Обединетото Кралство и нивното право на самоопределување.

