ДЕНЕС ДО 28 СТЕПЕНИ, НО ВНИМАВАЈТЕ НА ВЕТЕРОТ Еве каде ќе дува најсилно

Сончево и посвежо време со мала до умерена облачност, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер со брзина над 50 километри на час.

ДЕНЕС ДО 28 СТЕПЕНИ, НО ВНИМАВАЈТЕ НА ВЕТЕРОТ Еве каде ќе дува најсилно
Фото: Национал

Денес времето ќе биде претежно сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 9 до 28 степени, а долж Повардарието повремено ќе дува засилен северозападен ветер со брзина над 50 километри на час.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне 28 степени, со влажност од 45 проценти,  воздушен притисок 983 hPa, ветер 3 m/s и UV индекс: 5

Стабилното и сончево време ќе преовладува во најголем дел од денот, но граѓаните во регионите долж Повардарието треба да внимаваат на повремено засилениот ветер.

CATEGORIES
Share This