ТОМ КРУЗ ВО КАН – Холивудската ѕвезда со голем стил пристигна на филмскиот фестивал
Холивудската мегазвезда Том Круз пристигна во Кан за промоцијата на најновото продолжение од светски познатата франшиза „Невозможна мисија“, на 78. издание на најпрестижниот европски филмски фестивал.

Пристигнувањето на 62-годишниот актер предизвика вистинска еуфорија на улиците на Кан. Со препознатливата насмевка и позитивна енергија, Круз мавташе низ прозорецот од црн луксузен автомобил, поздравувајќи ги своите обожаватели кои во голем број се собраа да го пречекаат.
Откако излезе од возилото, актерот се задржа со фановите, фотографирајќи се и разменувајќи неколку зборови. „Среќен сум што сум повторно во Кан. Овој фестивал секогаш има посебна енергија,“ изјави Круз пред медиумите.
Новото продолжение на „Невозможна мисија“ е едно од најочекуваните филмски наслови годинава, со високи очекувања и кај публиката и кај критиката. Филмот ќе има специјална премиера на фестивалот, по што следува и светската кино-дистрибуција.


