НАД 13,6 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ДОЛГ – УЈП објави нова листа на должници

Бројот на должници повторно расте - на листата се најдоа 2.008 фирми и 3.232 физички лица.

НАД 13,6 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ДОЛГ – УЈП објави нова листа на должници
Фото: Принтскрин

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 09/2026, која ги опфаќа долговите доспеани до 31 мај 2026 година, а неплатени до 31 август 2026 година.

На листата се опфатени долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, акцизи и царински давачки.

Услов за објавување на листата е вкупниот долг да биде над 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност, односно над 300.000 денари за правни лица.

Според најновите податоци, на Листата на должници бр. 09/2026 се наоѓаат 2.008 правни лица, што е за две повеќе во однос на претходната листа, како и 3.232 физички лица, односно 38 повеќе.

Вкупниот објавен нето-долг достигна 13.641.590.644 денари, што е зголемување за 448.069.273 денари во споредба со претходната листа.

Од вкупниот износ, нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.458.337.534 денари, или 460.042.264 денари повеќе од претходната листа.

Долгот за царински давачки изнесува 183.253.110 денари, што, пак, претставува намалување за 11.972.991 денари.

Со објавувањето на листата, УЈП повторно ги објавува податоците за даночните обврзници кои имаат неплатени обврски над утврдените законски прагови.

Листата на должници  ТУКА

CATEGORIES
Share This