КРЕНА БУРА ПО ИЗБОРИТЕ Штази, порноактер и неонацистички врски во новата група на AfD
Од 39-те избрани пратеници, биографиите на некои од нив отворија сериозни прашања за партијата.

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) се соочува со критики поради контроверзните биографии на дел од новоизбраните пратеници во парламентот на покраината Саксонија-Анхалт.
Меѓу 39-те избрани пратеници има поранешен припадник на источногерманската тајна полиција Штази, поранешен актер во филмови за возрасни, но и лица кои се поврзуваат со крајно десничарски и неонацистички организации, пишува „Гардијан“.
По историскиот изборен резултат на AfD во Саксонија-Анхалт, лидерот на листата на партијата Улрих Зигмунд во четвртокот во Магдебург ја претстави новата парламентарна група.
Набргу потоа, германските медиуми започнаа да објавуваат детали од биографиите на дел од новоизбраните пратеници, отворајќи нови критики кон партијата.

