ПУТИН СО ОСТРО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Европски трупи во Украина значат војна со Русија
Рускиот претседател тврди дека Москва не ѝ се заканува на Европа, а европските елити ја плашат јавноста со „измислена руска закана“.

Фото: Принтскрин
Влегувањето на европски воени сили на територијата на Украина би значело директна војна со Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Тие сега велат дека размислуваат како да внесат трупи на територијата на Украина. Ова значи војна со Русија“, рече Путин, пренесува „Спутник“.
Тој нагласи дека Русија нема причина да влегува во конфликт со Европа, додавајќи дека Москва не им се заканува на европските земји и нема намера да го прави тоа.
Според Путин, европските политички елити ја плашат јавноста со, како што оцени, измислена закана од Русија.
CATEGORIES Свет

