РУТЕ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ДО МОСКВА Русија сака да нè подели, но ние сме посилни

По наводниот руски хибриден напад во Лајпциг, Руте испрати остра порака до Москва и најави уште посилна поддршка за Украина.

РУТЕ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ДО МОСКВА Русија сака да нè подели, но ние сме посилни
Фото: Принтскрин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Берлин порача дека Алијансата целосно стои зад Германија по, како што го оцени, непромислениот руски хибриден напад во Лајпциг.

По средбата со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, Руте се обрати на годишната конференција на германските шефови на дипломатски мисии, при што нагласи дека руските обиди да се создадат поделби меѓу сојузниците нема да дадат резултат.

Тој порача дека НАТО ќе продолжи да ги зајакнува своите капацитети за одвраќање и одбрана, како и поддршката за Украина.

„Русија сака да нè подели, но ние сме обединети. Русија сака да нè спречи да ѝ помогнеме на Украина, но ние ќе направиме уште повеќе за Украина. Русија сака да дејствува силно, но ние сме посилни“, рече Руте, според соопштението на НАТО.

https://nacionalno.mk/nova-zakana-od-rusi-a-rute-otkri-shto-e-napravi-nato/

CATEGORIES
Share This