ШЕСТ ЕВРОПСКИ БИТКИ ЗА ПЕЛИСТЕР Еве кога „зелено-белите“ ќе ги одиграат натпреварите
Битолчани на 30 септември пред своите навивачи ја отвораат европската кампања против Ла Риоха.

Еурофарм Пелистер ја очекува настап во групната фаза од Лигата на Европа, каде што битолскиот тим ќе биде единствениот македонски претставник во натпреварувањето.
„Пелистерци“ групната фаза ќе ја започнат на домашен терен. На 30 септември, со почеток во 20:45 часот, во Битола гостува шпанската Ла Риоха.
Покрај Ла Риоха, противници на македонскиот шампион во групата ќе бидат германски Гумерсбах и полскиот Вибжеже Гдањск.
Распоредот на натпреварите на Еурофарм Пелистер во групната фаза е следниот:
1. коло – 30 септември, 20:45 часот
Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
2. коло – 6 октомври, 18:45 часот
Вибжеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
3. коло – 13 октомври, 18:45 часот
Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
4. коло – 17 ноември, 20:45 часот
Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
5. коло – 24 ноември, 18:45 часот
Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск
6. коло – 1 декември, 20:45 часот
Ла Риоха – Еурофарм Пелистер

