МАКЕДОНИЈА ПОД ТЕМПЕРАТУРЕН УДАР До 39 степени, но попладне следи пресврт
Сончево и многу топло време, но попладне на места можна краткотрајна нестабилност.

Фото: Национал
Во текот на денот ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 14 до 39 степени Целзиусови.
Во попладневните часови, наместа постои можност за појава на изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

