АНТОНЕЛА РОКУЦО ГО ЗАПАЛИ ИНСТАГРАМ Сопругата на Меси покажа како ужива во Мајами
Сопругата на аргентинската фудбалска ѕвезда сподели моменти од својот живот во Флорида.

Антонела Рокуцо, сопругата на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со нова објава.
Аргентинката сподели фотографија од сончевите денови во Мајами, каде ужива со семејството. Нејзината објава веднаш предизвика бројни реакции од следбениците.
Антонела и Меси се родители на тројца синови, а семејството е неговата најголема поддршка во текот на богатата фудбалска кариера.
Меси неодамна направи кратка пауза во Аргентина, по што се врати во составот на Интер Мајами. По враќањето веднаш продолжи во свој препознатлив стил и постигна гол на натпреварот од Лига-купот.
Семејството Меси во Мајами се очекува да остане најмалку до мај 2028 година. Животот во Флорида им носи и чести средби со блиски пријатели, меѓу кои и поранешни соиграчи на Меси од Барселона, како и негови сонародници од аргентинската репрезентација.

