ЦЕЛА ДРЖАВА ПОД ОГАН 25 пожари за само едно деноноќие, два и натаму активни
Два пожари и натаму се активни – во Горно Лисиче гори ниска вегетација, дрва и пченка, а кај Крива Паланка е зафатена депонија.

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни остануваат пожарот во Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде огнот зафатил депонија.
Под контрола е ставен пожарот над село Зелениково, каде гореле шума и ниска вегетација.
Во Скопскиот регион во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани и пожари во Гази Баба, Ѓорче Петров, Сопиште, Арачиново, Студеничани и Карпош. Сите овие пожари се изгаснати.
Пожари биле регистрирани и во Новаци, Долнени, Прилеп, Чашка, Велес, Росоман, Струга, Липково, Врапчиште, Желино, Гостивар и Делчево.
Најчесто била зафатена ниска вегетација, но во одделни случаи огнот се проширил и на шума, дрвја, отпад и депонии.
27 ПОЖАРИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Огнот беснееше низ Македонија, еден пожар сè уште под контрола

