ДЕЕСКАЛАЦИЈА НА ТРГОВСКАТА ВОЈНА Кина и САД постигнаа договор за значително намалување на царините

ДЕЕСКАЛАЦИЈА НА ТРГОВСКАТА ВОЈНА Кина и САД постигнаа договор за значително намалување на царините

Соединетите Американски Држави и Кина постигнаа договор за намалување на меѓусебните царини на увозни производи за 115 проценти во рок од 90 дена, соопшти американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, на прес-конференција во Женева, пренесува „Гардијан“.

Спогодбата претставува значаен чекор кон деескалација на трговската војна што започна минатиот месец, кога САД ги зголемија тарифите на кинески производи на 145%, а Пекинг возврати со 125%. По договорот, царините ќе се намалат на 10% од двете страни, освен специјалните давачки на САД за фентанил, кои остануваат активни.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир изјави дека договорот се базира на реципрочност и бил постигнат по интензивни викенд-преговори. Тој посочи и дека остануваат „секторски специфични“ тарифи, особено за челик и автомобили.

Бесент и Грир истакнаа дека преговорите поминале во дух на почит и дека двете страни се посветени на балансирана трговија. Според вицепремиерот на Кина, Хе Лифенг, договорот има и глобално значење, бидејќи придонесува за стабилноста на светската економија.

Белата куќа го оцени договорот како „продуктивен напредок“ во намалување на трговските тензии.

CATEGORIES
Share This