СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА ВО ВОДСТВО НА АЛБАНСКИТЕ ИЗБОРИ Преброени 31% од гласовите
Во водство е Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, која во коалиција со Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) освоила 83 пратенички мандати. Најдобри резултати партијата постигнала во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.

Тирана, 12 мај – Според официјалните податоци на Централната изборна комисија на Албанија, до денеска претпладне се преброени гласовите од 1.624 гласачки места или 31,07% од вкупно 5.225 избирачки места.
Во водство е Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, која во коалиција со Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) освоила 83 пратенички мандати. Најдобри резултати партијата постигнала во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.
Коалицијата „Алијанса за величествена Албанија“, предводена од Сали Бериша и составена од 25 партии, досега освоила 51 мандат.
Меѓу помалите партии, Социјалдемократската партија на Том Доши добива 3 мандати, а уште три партии – „Иницијатива Албанија станува“, „Можност“ и „Заедно“ – добиле по еден пратеник.
Излезните анкети објавени синоќа од „Албениан пост“ му даваат предност на Рама со 51,8% од гласовите (79 мандати), додека Бериша би добил 38% и 54 мандати. Рама не даде коментар, додека Бериша ги оцени анкетите како „монтирани по наредба“.

