ЛЕТУВАЊЕТО И ПРЕСТОЈОТ ПОСКАПЕА Ноќевањата за 6,7 отсто поскапи од лани
Државниот завод за статистика регистрира раст на цените во угостителството, а најголем скок има кај услугите за сместување.

Фото: Принтскрин
Цените на угостителските услуги во јули 2026 година бележат раст од 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Најзначително зголемување има кај услугите за ноќевање, каде што цените во јули годинава се повисоки за 6,7 проценти во однос на јули 2025 година.
Од ДЗС информираат дека во периодот јануари–јули 2026 година, угостителските услуги поскапеле за 2,9 проценти споредено со истиот период лани.
Во споредба со декември 2025 година, цените во угостителскиот сектор се зголемени за 1,1 процент.
CATEGORIES Бизнис

