ВИНИСИУС ГО ИЗБРИША ЦЕЛИОТ ИНСТАГРАМ, РЕАЛ ВО НЕИЗВЕСНОСТ Дали ова е сигнал за заминување

Бразилската ѕвезда направи потег кој ги вознемири навивачите токму во момент кога преговорите за нов договор со „кралевите“ влегуваат во критична фаза.

ВИНИСИУС ГО ИЗБРИША ЦЕЛИОТ ИНСТАГРАМ, РЕАЛ ВО НЕИЗВЕСНОСТ Дали ова е сигнал за заминување
Фото: Принтскрин

Неочекуван потег на Винисиус Жуниор повторно ја стави под лупа неговата иднина во Реал Мадрид. Бразилската ѕвезда ги избриша сите фотографии, објави и истакнати приказни од својот Инстаграм профил, што веднаш предизвика бројни шпекулации меѓу навивачите.

Овој потег доаѓа во момент кога се водат интензивни преговори за продолжување на неговиот договор со „кралевите“. Актуелната соработка на Винисиус со Реал истекува следното лето, а и покрај повеќемесечните разговори, двете страни сè уште немаат постигнато конечен договор.

Според информациите од Шпанија, агентот на фудбалерот, Мајкл Јормарк, неодамна пристигнал во Мадрид на средби со челниците на клубот. По разговорите се појавија наводи дека Реал ја подобрил понудата, но остануваат несогласувања околу финансиските услови, платата и комерцијалните права поврзани со брендот на играчот.

Само неколку часа по овие информации, Винисиус направи потег што привлече огромно внимание. Неговиот профил со околу 64 милиони следбеници остана целосно празен, а исчезнаа и содржините поврзани со Реал Мадрид и бразилската репрезентација.

Иако бразилскиот напаѓач не даде официјално објаснување, реакциите не изостанаа. Дел од навивачите стравуваат дека ова може да биде најава за можна промена на средината, додека други веруваат дека станува збор за потег поврзан со нов договор или промоција.

Интерес за Винисиус веќе подолго време покажува и Арсенал. Англискиот клуб внимателно ја следи ситуацијата и наводно би сакал да ја испита можноста за ангажман на еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот.

Наредниот период може да биде клучен за иднината на Бразилецот. Дали Винисиус ќе продолжи да биде една од главните ѕвезди на „Сантијаго Бернабеу“ или ќе започне ново поглавје во кариерата, ќе зависи од исходот на преговорите со Реал Мадрид.

РЕАЛ НЕ МУ ДАВА, АРСЕНАЛ МУ НУДИ СЕ Винисиус пред сензационален трансфер

CATEGORIES
Share This