КИЕВ ОСТАНА БЕЗ ПАТРИОТ Британски медиуми предупредуваат на опасен пресврт за Украина

Недостигот на ракети PAC-3 ја остава украинската воздушна одбрана под силен притисок, додека Русија продолжува со масовни ракетни напади.

КИЕВ ОСТАНА БЕЗ ПАТРИОТ Британски медиуми предупредуваат на опасен пресврт за Украина
Фото: Принтскрин

Недостигот на американски пресретнувачки ракети за системите „Патриот“ (PAC-3) ја остава украинската воздушна одбрана ранлива на руски балистички напади, предупредува британскиот магазин „Спектејтор“.

Според анализата објавена во медиумот, Украина практично останала без значајни резерви на ракети за овој систем, а можностите за брзо надополнување се ограничени. Како причина се наведуваат и намалените американски залихи, кои биле значително искористени за одбрана од ракетни закани на Блискиот Исток.

Авторот оценува дека ситуацијата претставува сериозна стратешка слабост за Киев, бидејќи способноста за одбивање на руски ракетни напади е клучен фактор во одржувањето на украинската одбрана.

„Самото поседување на ракетите „Патриот“ не гарантира победа, но нивното отсуство може да има сериозни последици за Украина“, се наведува во анализата.

Предупредувањата доаѓаат по последниот голем руски воздушен напад врз Киев, извршен ноќта меѓу 5 и 6 август, кога биле погодени објекти поврзани со воена логистика и складирање беспилотни летала. Украинските вооружени сили соопштија дека дел од ракетите не биле пресретнати.

Ситуацијата со воздушната одбрана повторно го отвори прашањето дали Украина ќе може да одржи ефикасна заштита на клучните градови и воени цели доколку продолжат интензивните ракетни напади.

CATEGORIES
Share This