МИЦКОСКИ СО СИЛНА ПОРАКА ДО ДИЈАСПОРАТА Време е Македонците да се вратат дома
Премиерот од Ново Село порача дека Владата ќе работи на создавање услови младите да остануваат, а иселениците да се вратат во родниот крај

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва се сретна со повратници и претставници на дијаспората во Ново Село, при што порача дека една од клучните цели на Владата е да создаде услови младите да остануваат во Македонија, а иселениците да имаат мотив повторно да се вратат во своите родни места.
Во својата објава по средбата, Мицкоски истакна дека му било чест да им се обрати на граѓаните од Ново Село, нагласувајќи дека, без разлика каде ги однел животот, тие секогаш се враќаат во своите родни огништа.
„Како што вели народната мудрост, каменот тежи на своето место“, напиша премиерот.
Тој потенцираше дека Владата останува посветена на политики насочени кон отворање нови инвестиции, подобрување на инфраструктурата, создавање работни места и рамномерен развој на сите делови од државата.
Според Мицкоски, целта е да се оживеат селата, да се зајакнат локалните заедници и секој граѓанин да има можност достоинствено да живее во местото каде што е роден.
„Нашата цел е едноставна – секој човек со гордост да може да каже: ‘Ова е мојот дом и тука ја гледам својата иднина’“, истакна премиерот.
На крајот, тој им се заблагодари на жителите, повратниците и претставниците на дијаспората од Ново Село за топлиот пречек, искрените разговори и укажаната доверба, порачувајќи дека заеднички ќе продолжат да работат на изградба на посилни општини и посилна Македонија.

