ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали вашата улица е на списокот

ЕВН ќе изведува планирани работи на електромрежата, а ЈП „Водовод и канализација“ ќе санира два дефекта. Прекини ќе има во Радишани, Бутел, Драчево и на повеќе улици во градот.

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали вашата улица е на списокот
Фото: Принтскрин

Жителите на неколку скопски населби денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради планирани интервенции на електродистрибутивната и водоводната мрежа.

Според информациите од ЕВН Македонија, од 09:00 до 12:15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улица 56 во населбата Радишани, како и дел од Радишани 7 и Бутел. Прекинот е поради замена на постоечки дрвен столб со нов столб со ногара.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска ќе се изведуваат и две интервенции на водоводната мрежа.

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“, во близина на црквата, од 08:30 часот без вода ќе бидат корисниците во селото Драчево, во општина Кисела Вода. Водоснабдувањето ќе биде обновено по завршување на санацијата.

Дополнително, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, од 08:00 часот до завршување на работите прекин во снабдувањето со вода ќе имаат делови од улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“.

CATEGORIES
Share This