ХАОС ПО МЕЧОТ Нејмар влезе во жесток конфликт, па им порача „Е*ете се

Бразилската ѕвезда не го сокри бесот по победата на Сантос над Ремо, а тензиите продолжија и пред соблекувалната.

ХАОС ПО МЕЧОТ Нејмар влезе во жесток конфликт, па им порача „Е*ете се
Фото: Принтскрин

Сантос славеше со минимални 1:0 на гостувањето кај Ремо во првиот натпревар од 1/8-финалето на Купот на Бразил, но по завршувањето на мечот во центарот на вниманието се најде Нејмар. Бразилската ѕвезда (34) влезе во жестока вербална расправија со членови на раководството на Ремо. На снимките, објавени од новинарот Брен Рајол, се гледа како Нејмар по натпреварот се приближува до делегацијата на домашниот тим и разменува остри зборови со нив.

Не е познато што точно ја предизвикало реакцијата на фудбалерот, но на снимката се слуша како тој возвраќа на провокациите со викање и пцовки. Нејмар во неколку наврати го повторува зборот „елиминирани“, а во еден момент упатува и навредлива порака кон претставниците на Ремо, односно им порача „Е*ете се“. Инцидентот не завршил тука. Тензиите се зголемиле откако навивачи и членови на делегацијата на Ремо урнале дел од заштитната ограда пред соблекувалната на Сантос. Поради ситуацијата морало да интервенира и обезбедувањето.

Претседателот на Ремо дополнително ја подгреа атмосферата со остра изјава по натпреварот.

„На Сантос не му треба ова. Тој човек, кого толку многу деца го идолизираат, го создаде овој циркус и дојде да ни се потсмева. Ние сме виновни што идолизираме вакви луѓе и ваков тим“, порача тој.

CATEGORIES
Share This