ПОЖАРИ НАСЕКАДЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА 22 огнени жаришта, еве каде гореше

Нема активни пожари, но огнот вчера беснеел на 22 локации низ земјава.

ПОЖАРИ НАСЕКАДЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА 22 огнени жаришта, еве каде гореше
Фото: Принтскрин

Вкупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани до 07:30 часот утрово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите, нема активни пожари ниту пожари под контрола, а сите 22 интервенции се завршени со нивно гаснење. Пожари биле регистрирани на повеќе локации низ земјава, при што најчесто гореле ниска вегетација, сува трева, грмушки, отпад и депонии.

Во Општина Чучер Сандево биле изгаснати пожари кај селата Глуво, Мирковци и Кучевишка Бара, каде гореле ниска вегетација и грмушки.

Во Скопје, пожари имало на улицата „Скупи“ кај сервисот „Агромеханика“, во Скопско Поле покрај пругата, во Стопански Двор, на булеварот „Гоце Делчев“, како и во други делови од градот. Гореле ниска вегетација, грмушки, отпад и дрво.

Во Битола биле регистрирани два пожара во пределот на Тумбе Кафе и кај Зоолошката градина, каде гореле отпад и сува трева.

Во Прилеп интервенции имало на улицата „Дебарска“, кај местото Теќе, каде горела депонија, како и во селото Ракле, каде горела ниска вегетација.

Пожари на ниска вегетација биле изгаснати и во Струга, во селата Лабуништа, Калишта и Ливада.

Во Крива Паланка, пожарот бил во селото Мождивњак, на местото Острец, каде гореле дабова шума и ниска вегетација.

Интервенции имало и во Тетово, во близина на ресторанот „Сирач“, во Желино, кај селото Лешница, во Кавадарци, на локалитетот Раец кон селата Дреново и Ќесендре, како и во Куманово, во селото Рамановце и населбата Пуковско.

Пожари биле изгаснати и во Арачиново, каде горела депонија, како и во Гостивар, во селото Тумчевиште.

Од ЦУК нагласуваат дека во моментот нема активни пожари на отворен простор, а сите регистрирани пожари се изгаснати.

CATEGORIES
Share This