МОСКВА ТВРДИ Западот подготвува нов удар врз Русија – изборите се следната мета

Ела Памфилова предупреди на обиди за дестабилизација одвнатре, додека Русија се подготвува за парламентарните и регионалните избори во септември.

МОСКВА ТВРДИ Западот подготвува нов удар врз Русија – изборите се следната мета
Фото: Принтскрин

Западот се обидува претстојните избори за пратеници во Државната дума да ги искористи за поттикнување на социо-политички поделби и дополнително ослабување на Русија, оцени претседателката на Централната изборна комисија на Русија, Ела Памфилова.

Во интервју за весникот „Ведомости“, Памфилова изјави дека, покрај поддршката за воените дејствија, западните земји, според неа, ги зајакнуваат и своите капацитети за дејствување насочено кон поткопување на Русија одвнатре.

Кога зборувам за разбивање на земјата одвнатре, мислам и на обиди за предизвикување судири меѓу различни групи од населението, како и на користење на изборите како катализатор за социо-политички конфликти“  изјави Памфилова.

Според неа, крајната цел на западните земји е преку изборниот процес да извршат дополнителен притисок врз Русија и што е можно повеќе да ја ослабат земјата.

Памфилова оцени дека, и покрај санкциите и другите форми на притисок, Русија станува „сè пообединета“. Таа тврди дека граѓаните сè повеќе ја согледуваат, како што ја опиша, сериозноста на надворешната закана со која се соочува земјата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги распиша изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот состав за 20 септември 2026 година, при што гласањето ќе се одржува од 18 до 20 септември. Паралелно ќе се одржат и избори за законодавни тела во 39 руски региони, како и избори за највисоки регионални функционери.

На претстојниот изборен циклус, според најавите, ќе бидат пополнети околу 23.000 изборни мандати.

CATEGORIES
Share This