СВАДБЕНА ВЕСЕЛБА ПРЕТВОРЕНА ВО ОПАСНОСТ Пукале со три пиштоли и пушка во воздух

Инцидентот се случил на 31 јули во Добри Дол. Обвинителството тврди дека со пукањето биле доведени во опасност животите на поголем број присутни, а кај еден од осомничените има и словенечко државјанство.

СВАДБЕНА ВЕСЕЛБА ПРЕТВОРЕНА ВО ОПАСНОСТ Пукале со три пиштоли и пушка во воздух
Фото: Национал

Четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, се осомничени за предизвикување општа опасност откако за време на свадбена прослава пукале со огнено оружје во воздух.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четворицата по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи.

Според Обвинителството, инцидентот се случил на 31 јули вечерта, во дворот на семејна куќа во селото Добри Дол, каде што се одржувала свадбена прослава. Осомничените, според пријавеното, употребиле три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар, со кои пукале во воздух.

Со ваквото постапување, како што наведува Обвинителството, биле доведени во опасност животите на поголем број присутни на свадбената прослава.

Четворицата се осомничени за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.

Од Обвинителството посочуваат дека кај еден од осомничените, покрај македонското, постои и словенечко државјанство, што е наведено како дополнителна околност во предлогот за притвор.

CATEGORIES
Share This