ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ На Табановце, Богородица и Дојран се чека по еден час
АМСМ предупредува на внимателно возење поради можност од одрони на неколку делници.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се суви. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
Поради зголемената фреквенција на возила, на дел од граничните премини има подолги задржувања.
Задржувања на граничните премини
- Табановце – за влез во државата се чека околу 1 час;
- Богородица – за излез од државата се чека околу 1 час;
- Дојран – за излез од државата се чека околу 1 час.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ со апел за внимателно возење
АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Особено внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Поголема внимателност е потребна на делниците:
- Катланово – Велес
- Маврово – Дебар – Струга
- Виница – Берово
- Кочани – Делчево
Охрид – Ресен преку Галичица отворен
Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тони.

