ОД 649 НА САМО 60 Голем пресврт во епидемијата во Гостивар

Министерството за здравство соопшти дека состојбата е стабилна, а бројот на прегледи значително опаѓа.

ОД 649 НА САМО 60 Голем пресврт во епидемијата во Гостивар
Фото: Принтскрин

Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и продолжува да биде под постојан надзор на надлежните институции, информира Министерството за здравство. Според последните податоци, бројот на прегледи бележи значително намалување во однос на периодот кога епидемијата го достигна највисокиот интензитет. На 31 јули биле регистрирани 60 први прегледи.

И покрај помалите дневни осцилации, податоците покажуваат јасен тренд на намалување на бројот на заболени. За споредба, на 18 јули, кога епидемијата беше во пик, биле евидентирани 649 прегледи во еден ден. Во периодот од 14 до 31 јули, здравствените установи реализирале вкупно 4.543 први прегледи.

До надлежните здравствени служби досега се доставени 1.028 официјални пријави за заразна болест. Епидемиолозите, пак, изработиле 730 нови епидемиолошки анкети, со што е опфатен 71 процент од пријавените заболени. Во однос на западнонилската треска, од Институтот за јавно здравје информираат дека нема нови лабораториски потврдени случаи.

На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани тројца пациенти кај кои постои сомнеж за западнонилска треска. За нив се очекуваат резултатите од лабораториските анализи.

ГОСТИВАРЦИ СÈ УШТЕ НЕ СМЕАТ ДА ЈА ПИЈАТ ВОДАТА ОД ЧЕШМА Редиците за флаширана вода не се намалуваат

CATEGORIES
Share This