ЌЕ ЗЕМЕМЕ ШТО САКАМЕ Трамп откри што им овозможува договорот со Украина
Американскиот претседател тврди дека договорот со Киев отвора широк пристап до украинските природни ресурси.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу САД и Украина за експлоатација на природните ресурси на земјата им овозможува на Соединетите Американски Држави широк пристап до украинското минерално богатство.
„Украина има многу богата и плодна земја кога станува збор за ретките земјени елементи. Потпишавме договор и можеме да одиме таму во секое време и да земеме практично сè што сакаме“ – изјави Трамп во интервју за американски медиуми.
САД и Украина го потпишаа договорот за природните ресурси на 30 април минатата година. Со него се воспоставува рамка за соработка во областа на минералните и другите природни ресурси, при што САД добиваат приоритет при купувањето на производите што се експлоатираат во Украина.
Договорот е дел од пошироката економска соработка меѓу Вашингтон и Киев и предвидува учество во идните приходи од украинските природни ресурси.

