ДВА КОНФЛИКТИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ МЕШААТ Од Трамп бараат да го запре Киев по нападот врз Иран
„The American Conservative“ предупредува на опасност од ескалација и бара Трамп да го искористи своето влијание врз Зеленски.

Американскиот претседател Доналд Трамп треба да се спротивстави на украинските напади врз ирански бродови и да го повика Киев на воздржаност, оценува „The American Conservative“. Публикацијата предупредува дека обидите на Украина да ја покаже својата важност како партнер на САД во конфликтот со Иран носат ризик од дополнително зголемување на тензиите и мешање на двата конфликта.
Според авторот, Трамп има поголемо влијание врз украинскиот претседател Володимир Зеленски отколку врз Русија или Иран, па токму затоа треба да го искористи своето влијание за да спречи евентуална ескалација и прелевање на конфликтите.
„Двата конфликти не смеат да се мешаат“, се наведува во анализата, со оценка дека Вашингтон треба да спречи создавање ново жариште на тензии.
На 25 јули, Украина изврши напад врз ирански трговски брод, при што еден морнар загина, а друг беше ранет. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во вторникот разговарал со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, при што побарал да биде надоместена штетата предизвикана во нападот.
Според Арагчи, Сибиха објаснил дека нападот врз иранскиот брод бил ненамерен и дека Украина нема намера дополнително да ја зголемува напнатоста со Техеран.

