СЕ СМИРУВА СОСТОЈБАТА ВО ГОСТИВАР Сè помалку граѓани бараат лекарска помош
Во јавните здравствени установи вчера биле регистрирани 73 прегледи, а бројот на хоспитализирани пациенти останува низок

Бројот на граѓани кои побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар продолжува да се намалува, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани вкупно 73 прегледи во јавните здравствени установи во градот.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ биле извршени 45 нови прегледи. Од нив, 26 биле на инфективното одделение, при што двајца пациенти биле новохоспитализирани, додека 18 прегледи биле извршени на педијатриското одделение.
Во моментов, на инфективното одделение се хоспитализирани двајца пациенти, а уште двајца се на одделението за педијатрија. Во Здравствениот дом Гостивар, во дежурната служба, биле регистрирани 28 нови прегледи.
Последните податоци покажуваат тренд на намалување на бројот на лица кои бараат медицинска помош, што укажува на постепено стабилизирање на епидемиолошката состојба во гостиварскиот регион.
ГОСТИВАРЦИ СÈ УШТЕ НЕ СМЕАТ ДА ЈА ПИЈАТ ВОДАТА ОД ЧЕШМА Редиците за флаширана вода не се намалуваат

