ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ПАТИШТАТА Еве каде се чека 15 минути и на кои делници има опасност од одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни поради можност од одрони на неколку патни правци.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, а коловозите се суви.
Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. Поголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
На зголемен ризик од одрони се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во рамки на сезонскиот режим на сообраќај, од 15 април патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3,5 тони.

