РЕБАЛАНСОТ СТИГНА ВО СОБРАНИЕ Еве каде ќе се трошат милијардите

Со измените на Буџетот се предвидуваат приходи од речиси 380 милијарди и расходи од близу 426 милијарди денари.

РЕБАЛАНСОТ СТИГНА ВО СОБРАНИЕ Еве каде ќе се трошат милијардите
Фото: Национал

На собраниска седница денеска се разгледува Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање.

Со ребалансот се предвидуваат вкупни приходи од речиси 380 милијарди денари, додека вкупните расходи се проектирани на близу 426 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е утврден на 46,3 милијарди денари, што претставува 4,1 отсто од бруто-домашниот производ. Проекцијата за економски раст е поставена на 3,5 отсто.

Со измените се обезбедуваат дополнителни средства за земјоделските субвенции, железничкиот сообраќај, спортот, студентскиот и ученичкиот стандард, како и за здравствената и социјалната заштита. Поголеми средства се предвидени и за социјалните надоместоци, со цел поддршка на најранливите категории граѓани.

Најзначително зголемување има кај капиталните инвестиции. За оваа намена се планирани околу 46 милијарди денари, што е за 14,5 отсто повеќе во однос на средствата предвидени со првично усвоениот Буџет.

ПАРИ НА СИТЕ СТРАНИ Земјоделство, здравство, социјала, еве колку се дели со ребалансот

CATEGORIES
Share This