ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Политички преглед на денот, недела, 26 јули 2026 година.

Политички преглед на денот, недела 26 јули 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив
СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и подготвени се на секое решение да му најдат проблем.
Инаку, гостиварчани секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до обвинителството. Моментот не е СДС да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажуваат и да го користат токму овој период, за да добијат политички поени. Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штитат нивниот кадар.
Затоа што ако не беше нивни кадар, упте веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со спинувани и непрецизни информации. Но, потребата на СДС да дојде, на власт е толку голема што повторно и во опозиција му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар.
СДС, ДУИ и Таравари, се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив.
СДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации
ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата. Во Гостивар ситуацијата е катастрофална. За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна. Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба.
Ова е „дезинформација“?
Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника. Реалноста е јасна: Илјадници заболени. Вода што не смее да се користи ниту за миење. А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“.
Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Внатрепартиските избори во Единствена Македонија продолжуваат – Далибор Богданов избран за претседател на Општинскиот комитет Чешиново Облешево
Синоќа, за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Чешиново-Облешево, со нов четиригодишен мандат беше избран Далибор Богданов.
Согласно член 37 од Статутот на партијата, во тек е изборниот процес за избор на претседатели на сите општински комитети на Единствена Македонија.
Овој изборен циклус носи и значајна новина – за првпат се воведува можноста за самокандидирање за претседатели на општинските комитети. Со тоа, Единствена Македонија дополнително се отвора кон сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во политичкиот живот и со својот ангажман да придонесат кон остварувањето на визијата и целите на партијата.
Сите заинтересирани можат да ја достават својата намера за кандидатура по електронски пат на press@edinstvenamakedonija.mk или преку инбокс на официјалната Фејсбук страница на Единствена Македонија.
Приклучи се на Единствена Македонија!
Цела Македонија – Единствена Македонија!

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија


